Полувреме во ЛШ: Рафиња го стресе ПСЖ, Атлетико веќе има убедлива предност (Видео)

Три погодоци се постигнати во првото полувреме на натпреварите од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Фудбалерите на Барселона имаат водство од 0-1 на гостувањето кај ПСЖ, откако Рафиња во 37-мата минута ја искористи одбиената топка и ја смести во мрежата на Донарума.

Атлетико Мадрид веќе има убедливи 2-0 против Борусија Дортмунд. Родриго де Пол уште во четвртата минута донесе предност за домашните, откако го искористи големиот кикс на одбраната на Борусија Дортмунд, додека на 2-0 зголеми Самуел Лино во 32-рата минута.

- Оглас -

Најнови вести