Поминаа 5.457 денови за повторно да даде гол за клубот во кој дебитираше

Тео Волкот ќе го памти денешниот меч во дресот на Саутхемптон затоа што се потсети на времето кога беше тинејџер. Голгетерот кој повеќе од 15 години е дел од Премиер лигата, денеска постигна гол за реми на Саутхемптон, на гостувањето кај Вулверхемптон.

За Волкот ова беше прв гол во дресот на Саутхемптон по пауза од речиси 15 години. Волкот дебитираше токму во дресот на Саутхемптон како 16-годишен тинејџер во Чемпионшип, кога и го даде првиот гол во професионалната кариера.

Вкупно четири погодоци даде тинејџерот Волкот пред да си замине од Саутхемптон. Потоа цели 12 години Волкот беше дел од Арсенал, а потоа направи трансфер во Евертон.

Карамелите решија да го дадат Волкот како позајмен играч во Саутхемптон, а вечерва напаѓачот повторно погоди за клубот во кој дебитираше. Англичаните пресметаа дека поминаа неверојатни 5.457 денови откако Волкот го имаше дадено последниот гол во дресот на Саутхемптон, а вечерва повторно се израдува.

 

- Оглас -

Најнови вести