Поминаа точно 22 години од најатрактивниот автогол кој е виден (Видео)

На 25 април 1998 година, беше постигнат гол за кој Англичаните сметаат дека е најсмешен и најатрактивен во историјата на нивниот фудбал. Погодокот е во изведба на Џејми Полок од Манчестер сити.

Тоа беше меч помеѓу Граѓаните и Квинс Парк Ренџерс, и тоа не од Премиерлигата, туку битка за опстанок во првата дивизија, денеска позната како Чемпионшип. Сити на тој меч одигра само 2-2, тоа беа тешки времиња за клубот, и една недела подоцна тие испаднаа во трета лига.

Видете како Полок го совлада својот голман и ги шокираше сите на стадионот и крај малите екрани:

- Оглас -

Најнови вести