Помошниот тренер не бираше начин како да го спречи противникот да тргне во контра која можеше да значи и гол (Видео)

Твенте и Спарта Ротердам одиграа одличен меч во 30-тото коло од холандското првенство, а на крајот дуелот заврши нерешено, со по три погодоци во двете мрежи. По ова реми, Спарта остана на петтото место со 53 бода, а Твенте е веднаш зад тимот од Ротердам со 52 бода.

Мечот на којшто имаше шест гола беше со многу пресврти. Домаќините први погодија, но Спарта со два погодока стигна до 2:1 на полувреме. Во вториот дел Твенте постигна два погодока и стигна до 3:2. Кога се мислеше дека домаќините ќе се радуваат на трите бода, во 91-вата минута, Спарта постигна и трет гол и израмни на 3:3 за освојување на еден бод.

По овој шести гол на мечот не завршија возбудувањата. Се играа последните секунди од средбата кога Твенте тргна во последен напад да се обиде да даде четврти погодок. Домашниот играч тргна во контранапад покрај аут-линијата, но кога дојде до местото каде што е клупата на гостите, неочекувано беше фаулиран, и тоа од помошникот тренер на Спарта. Јерон Ријсдирк го фаулира фудбалерот и спречи контранапад, па се случи мешаница. На крајот, тренерот кој некоректно постапи, доби црвен картон, но го исполни замисленото, а тоа е да спречи контранапад.

Целата ситуација може да ја видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести