Понеделничко будење а ла Левандовски (фото)

Роберт Левандовски е еден од најзаслужните фудбалери што Баерн Минхен ја освои шестата европска титула. Постигна 15 погодоци во текот на сезоната во Лигата на шампионите, заврши како прв стрелец, а воедно со шест асистенции застана на врвот во оваа статистика заедно со Анхел ди Марија.

Колку му значеше освојувањето на ЛШ, полскиот бомбардер покажа со една фотографија која утрово ја сподели на „Инстаграм“. Левандовски напиша: „Вака се разбудив“, легнат покрај трофејот со големите уши.

- Оглас -

Најнови вести