Поништено скандалозното финале во африканската ЛШ: Ќе се игра нов дуел за титулата

Драмата околу тоа кој ќе биде нов клупски фудбалски првак на Африка ќе продолжи. Есперанс де Тунис и Видад Казабланка ќе мора повторно да го одиграа вториот меч, по кој треба да се дознае шампионот.

Првиот меч одигран во Мароко заврши 1:1, а домаќините имаа големи забелешки на судењето. Арбитeрот, иако имаше помош од ВАР-системот, не досуди чист пенал за домаќините, а потоа исклучи еден играч на Видад Казабланка. Домаќините упатија жалба поради овие пропусти, а судијата беше казнет со шест месеци суспензија.

Ако делуваше дека првиот меч е со скандал, тогаш на реваншот во Тунис се случи кулминација. Домаќините поведоа со 1:0, а во 59-тата минута Видад Казабланка даде гол за 1:1. Судијата го поништи овој погодок поради наводен офсајд. Повторената снимка покажа дека нема офсајд, но, за жал, судијата не можеше да се увери во тоа.

Иако беше предвидено и на реваншот да има помош од ВАР-системот, некој намерно го оштетил ВАР-системот, па бидејќи судијата не можеше да се увери дека згрешил, остана на одлуката дека треба да го поништио погодокот на гостите. Играчите на Видад Казабланка револтирани од повторно голема неправда на нивна штета, решија да не го доиграат мечот и си заминаа. 

Судијата отсвири крај и трофејот и медалите беа поделени на играчите на  Есперанс де Тунис. Сепак, сега тие медали и трофејот треба да се вратат и дури откако повторно ќе се одигра реванш-мечот, ќе официјално ќе се знае кој е првак во Африка.

- Оглас -

Најнови вести