Понуда со која Барселона ќе може да ги регистрира новите ѕвезди

Барселона е во големи проблеми на помалку од една недела пред стартот на новата сезона во Ла Лига. Идната сабота, на 13 август, Барса на домашен терен го пречекува Рајо Валјекано на Столе Димитриевски во премиерното коло, меч за кој Чави веројатно нема да смета на новите засилувања.

Каталонците не може да ги регистрираат новите ѕвезди Левандовски, Рафиња, Кунде, Кеси и Кристенсен, како и Дембеле и Роберто кои потпишаа нови договори, бидејќи финансиите не им се регулирани и не ги исполнуваат условите на финансискиот ферплеј.

Имено, за тимот кој го предводи Чави пристигна помош од Лондон. Челзи го подготви пакетот од 70 милиони евра плус Маркос Алонсо за Френк Де Јонг. Сепак, Сините нема да ја достават официјално понудата сè додека Холанѓанецот не даде зелено светло за да се комплетира трансферот. Претставниците на клубот во изминатиов период постојано се во контакт со агентот на Де Јонг, па доколку тој попушти во намерата да замине од Барселона, помошта за Каталонците ќе биде доставена.

- Оглас -

Најнови вести