Поп Арсова со македонски рекорд во маратон

Адријана Поп Арсова, членка на атлетскиот клуб „Делта“, изненади со својот настап на Виз Ер Скопски маратон и на 28 години таа продолжува со нејзиното темпо. На 14-ти октомври на маратонот во Ајндховен, Холандија, Поп Арсова постави нов македонски рекорд во маратон, со резултат од 3:00:44 часа.

„Немав некои тешкотии во текот на трката, освен тоа што првите 21 километри ги поминав пребрзо и имав мала криза на 25км и искрено мислам дека крајниот резултат ќе беше подобар тоа да не се случеше. Но, тоа е искуство плус за мене за следниот маратон, задоволна сум и со ова остварување во овој момент. Маратонот е мојата омилена дисциплина токму заради тежината и неизвесноста која ја носи. Сега во следниот период малку ќе одморам, па потоа ќе планирам кој ќе биде мојот следен маратон на кој ќе се обидам и да се симнам под границата од 3 часа“, истакна Поп Арсова.

Претходниот рекорд во Македонија беше поставен од Адријана во мај. Километрите по улиците на Скопје ги истрча за време од 3:05:04 и со тоа го освои бронзениот медал во женска конкуренција. Поп Арсова го држи и македонскиот рекорд во полумаратон и рекордот на 10 километри, кој неодамна го постави на Скопје Трча 10 КМ.

- Оглас -

Најнови вести