Попладнево има ждрепка за плејофот во Лигата на нациите

Репрезентациите кои ќе се борат за титулата во второто издание на Лигата на нациите попладнево во 17.30 часот ќе ја чекаат ждрепката во Нион за полуфиналето од плејофот. На овој финален турнир, кој треба да се игра во октомври 2021, учесници ќе бидат Италија, Белгија, Франција и Шпанија.

Победникот на втората сезона од Лигата на нациите ќе се знае на 10 октомври, а полуфиналињата се на 6 и 7 октомври 2021 година. Домаќинот на турнирот уште не е одреден, а кандидати се Италија, Холандија и Полска, но фаворит е Италија како учесник на завршницата. УЕФА по ждрепката ќе ги објави стадионите на коишто ќе се игра.

Во првата сезона, Португалија на свој терен ја освои титулата во ова натпреварување кое беше среќно и за македонскиот национален тим, кој како шампион на Лига Д се пласираше на Европското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести