Попович го надмина легендарниот Рајли на вечната листа

Вчерашната победа на Сан Антонио против Феникс санс (111:86) е вкупно 1.211-та победа во кариерата на Грег Попович. Предвоникот на Спарси го надмина легендарниот тренер Пет Рајли на вечната листа во оваа конкуренција, сега е четврти.

Пред помалку од два месеци, Попович влезе во специјалниот клуб „1.200“,  а ноќеска направи нов подвиг. Сега пред него се само Џери Слоун (1.221), Лени Вилкенс (1.332) и Дон Нелсон со 1.335 победи.

Во текот на оваа сезона, тренерот со српско потекло може да застане и на третата позиција на оваа листа, бидејќи Слоун од него има само 10 победи повеќе, а со оглед дека се играат 82 натпревари само во регуларниот дел од сезоната, Сан Антонио би требало да оствари 10 или повеќе победи.

- Оглас -

Најнови вести