Попович најде замени за Бил и Лав, Американците ќе бидат многу послаби во Токио

Грег Попович одлучи да ги вклучи во составот на американската кошаркарска репрезентација, Келдон Џонсон и Џавал Мекги за настап на Летните олимписки игри во Токио, на местото на Бредли Бил и на Кевин Лав.

Дрим-тимот на САД со овие промени ќе биде послаб од предвиденото, бидејќи и Бил и Лав се многу пореномирани кошаркари од новните замени.

Бредли Бил, кој е еден од најдобрите кошгетери во НБА лигата ќе биде отсутен поради Ковид-19, а Кевин Лав се повреди. Американците се уште имаат моќен тим, но и по стартното откажување на Џејмс Харден, секако планираа да имаат многу посилен состав за кошаркарскито турнир на кој се топ-фаворити во Токио.

Игрите започнуваат на 23. јули и ќе траат до 8. август, а турнирот во кошарка ќе се се игра од 25. јули со финале и меч за титулата на 7. август.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести