Попзлатанов го офизијализираше камбекот во Вардар

Вардар официјално го потврди ангажманот на Јован Попзлатанов, втор во овој летен период. Крилниот фудбалер по една година пауза прави камбек во редовите на најтрофејниот македонски клуб.

„Јован Попзлатанов е второто засилување во овој преоден рок и повторно ќе го облече дресот на нашиот најтрофеен клуб. Офанзивниот крилен фудбалер доаѓа од екипата на Македонија ЃП и ќе биде големо засилување за нападот во наредната сезона. Добредојде назад во Вардар“, стои во клупското соопштение објавено на „Фејсбук“.

Попзлатанов во кариерата настапуваше за летонски ФРС, Пелистер и Тетекс. Минатата сезона заврши со учинок од четири гола девет асистенции за Лавовите од Ѓорче Петров и беше значаен во освојувањето на Купот на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести