Поради Артета, Озил повторно е среќен во Арсенал

Тешкиот период за Месут Озил во Арсенал помина. Германецот е среќен што повторно игра редовно, а за тоа голема заслуга има неговата врска со тренерот Микел Артета.

Откако Шпанецот ги презеде Топчиите, најплатениот фудбалер на Арсенал полека ја враќа формата, дури и ја смени одлуката да го испочитува до крај договорот со клубот, кој му важи до јуни 2021 година. Самиот Озил инсистира дека „црните денови“ се зад него и соработката со Артета влијае позитивно на целиот тим, не само на него.

„Не можам да ви кажам што носи иднината, но мене ми е мило што работите се сменија. Ќе го испочитувам договорот до крај бидејќи тимот постепено напредува. Минав тежок период, со Емери не играв редовно, но Артета направи доста промени за краток период и сето тоа може да се забележи и во соблекувалната, но и на теренот. Јавноста е позитивно изненадена од неговата посветеност во работата, се приметува дека е гладен за успеси“, истакна Озил.

Навивачите на Арсенал долго време бараа од клубот да го продадат Озил поради што не беше во прв план кај Емери, а зема огромни 350.000 фунти неделно за да грее клупа.

- Оглас -

Најнови вести