Поради глупаво правило, американската пливачка можеше да се удави!

Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) даде банално објаснување за тоа зошто професионалните спасувачи не реагирале навремено за да ја спасат Анита Алварес од давење.

Американската репрезентативка во синхронизирано пливање се онесвести за време на настапот и почна да тоне во водата. Тоа веднаш го забележа нејзиниот тренер Андреа Фуентес, која скокна во базенот и успеа навреме да ја спаси Алварес.

По овој настан, многумина коментираа како можеше да се случи професионалните спасувачи да не реагираат навреме, а од ФИНА објаснија.

„Според правилата, спасителите може да скокнат во базен само ако добијат сигнал од судиите“, објасни директорката на Светската здравствена служба Бела Меркели, која призна дека судиите задоцниле со реакцијата.

Откако Фуентес скокна во базенот да ја спаси Алварес, потоа веднаш скокнаа и спасителите.

 

- Оглас -

Најнови вести