Поради Корона правилата, на дербито ќе се случи нешто невидено во фудбалот!

Рестриктивните мерки поради пандемијата се враќаат во поголем дел од земјите во Европа, па така е и во Романија. Токму поради дел од тие мерки, на утрешното дерби меѓу Крајова и ФЦСБ ќе се случи нешто што досега не се случило.

Романските власти имаат донесено одлука дека по 20 часот, трибините на стадионите треба да бидат празни, како еден вид превентива за спречување на ширење на Коронавирусот.

Мечот требаше да започне во 19:30 часот, но во последен момент е одлучено средбата да започне 15 минути порано, односно во 19:15 часот со единствена цел, а тоа е навивачите да можат барем едно полувреме да го гледаат дербито од трибините.

По завршување на првото полувреме, стадионот во Крајова ќе мора да биде испразнет и второто полувреме ќе се игра без навивачи, поради протоколот според новите рестриктивни мерки за Коронавирусот.

Домаќинот реши билетите за дербито да ги продава по симболична цена од 1 леа, што се околу 12 денари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести