Поради Коронавирус одложени три меча во Серија А !

Три натпревари од Серија А кои требаше да се играат денеска, се одложени и тоа поради страв од Коронавирусот. Премиерот на Италија Џузепе Конте свика итна прес конференција за да објави дека се одложуваат сите спортски културни и останати настани во областите Ломбардија и Венето, кои се во северниот дел на Италија.

Дуелите Интер – Сампдорија, Верона – Калјари и Аталанта – Сасуоло нема да се играат, а одложени се и уште 42 меча од пониските и младинските лиги во овој дел од земјата. Одложена е и средбата од Серија Б меѓу Асколи и Кремонезе.

Ситуацијата со Коронавирусот во северна Италија се појави откако веќе две лица починаа од овој вирус, а 79 се и официјално заразени. Од овие заразени 47 се евидентирани во Ломбардија, а 17 во Венето. Токму поради тоа што преку 60 заразени се во овие две области, денеска се откажани сите настани на кои се очекуваше масовен собир на луѓе.

Освен одложените мечеви, во Серија А, денеска без проблем треба да се одиграат дуелите: Џенова – Лацио, Торино – Парма и Рома – Лече.

 

- Оглас -

Најнови вести