Лил денеска ја слави титулата во француското фудбалско првенство. Улиците се преполни, а фудбалерите се качени на двокатен автобус без покрив и ги поздравуваат фановите.
Меѓу главните ѕвезди се Јилмаз, Јазиџи и Челик, тројцата Турци поради кои овој клуб стана популарен меѓу Турците во Франција и низ целиот свет. На прославата може да се видат и доста турски знамиња во чест на турското трио, особено на Бурак Јилмаз кој беше главен голгетер.
Турските фудбалери добро се забавуваат, објавено е и видео кои го докажува шампионското расположение:
https://twitter.com/i/status/1396902160240103426