Поради потегот на Зидан испушил 250 цигари и две години не му зборел на француската легенда

Зинедин Зидан ќе биде запамтен како еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Сепак, црна дамка на француската легенда ќе биде начинот на кој ја заврши кариерата. Во последниот меч, во финалето на Светското првенство во 2006 година, Зидан заработи црвен картон, а Франција потоа загуби од Италија на пенали.

Црвениот картон на Зидан беше поради намерното удирање на Марко Матераци, откако италијанскиот дефанзивец успеа да го испровоцира најдобриот играч на Галските петли во таа генерација.

По завршување на финалето, Зидан во соблекувалната се извинил на сите соиграчи, а дефанзивецот Вили Сањол, не само што не го примил извинувањето туку и цели две години не разговарал со Зидан.

„По мечот, Зидан дојде во соблекувалната и се извини за потегот што го направи. Јас тоа извинување не го прифатив, воопшто не сакав да разговарам со него. Едноставно не беше време“, вели Сањол, кој додава дека за да се смири по целата ситуација, решил утехата да ја најде во цигарите.

„Заминав во купатилото и испушив 250 цигари за кратко време. Со Зидан не разговарав две години. Во 2008 година правев свадба и мојата жена ме убеди дека треба да го викнам. Тоа и го направив, а потоа разоговаравме и ги решивме недоразбирањата“, додава Сањол за лошото искуство од пред речиси една и пол деценија.

Сањол во кариерата одигра девет сезони во Баерн Минхен, а еден краток период дури беше и тренер на германскиот гигант.

- Оглас -

Најнови вести