Поради расизам: На фудбалер на Лацио му се заканува долга суспензија

Севилја и Лацио (2-0) го завршија реваншот во Лигата на Европа со по еден играч помалку на теренот. Два жолти картони и исклучување заработи Франко Васкез, додека на Адам Марушиќ судијата му покажа директен црвен картон.

Иако мечот порано го заврши поради остриот старт, „Скај спорт Италија“ тврди дека УЕФА ќе го терети и за расизам. Италијанскиот медиум пренесе дека му се заканува драстична казна, па можно е да му бидат забранети настапи на европските натпреварувања цела една година.

По овој повод се изјаснија и адвокатите на Лацио, кои тврдат дека од УЕФА пристигна допис, но само за нивните навивачи поради расистички скандирања, додека Марушиќ го добил црвениот картон само поради фаулот и ништо друго. Клубот од Рим допрва ќе добие официјален став од Нион.

- Оглас -

Најнови вести