Поради Реал се чувстувам како да имам мал пенис

Популарниот бријантски музички артист Роби Вилијамс се појави во документарниот филм за Тони Крос и со спектакуларна изјава го украде шоуто на својот добар пријател. Вилијамс е познат како фудбалски фанатик, а омилен тим му е Манчестер јунајтед. Сепак, тоа не го спречува да ги следи настапите на германската ѕвезда на Реал Мадрид, а не пропушти да го замоли да потпише за Црвените ѓаволи бидејќи со Кралевите ги освои сите можни трофеи.

„Мислам дека Англија ја има најквалитетната лига во светот, Премиер лигата. Но, има една работа која не ме остава на мира. Тоа е големината на Реал Мадрид. Кога ќе го спомнам тоа име веднаш се чувствувам мал, чувствувам дека и пенисот ми е мал. За мене фудбалот е религија и многу ми смета кога има „поголем Бог“ од мојот“, истакна Вилијамс, а потоа му порача на Крос да се пресели на „Олд Трафорд“: „Дојди во Манчестер, тука освои сè што можеше да се освои“.

Крос инаку е еден од главните алки на Реал во доминацијата која ја остварија Кралевите во Лигата на шампионите во изминатите неколку години.

- Оглас -

Најнови вести