Поранешен играч на Каљари е пронајден мртов во хотелска соба, имал повреда на главата

Италијанската фудбалска јавност е во тага по веста дека починал 43-годишниот Андреа Капоне, некогашен играч на Каљари.

Капоне бил пронајден мртов во хотелска соба, и имал видлива повреда на главата.

Според медиумите во Италија, Капоне се забавувал со неколку пријатели, а потоа заминал во хотелска соба, доживеал пад, и смртоносен удар во главата. Бил пронајден рано утрово. Медицинските служби не можеле да направат ништо за да го оживеат. Не е исклучено и да страдал од ненадејна срцева болест која го предизвикала падот.

Капоне за Каљари одигра 123 натпревари, постигна 12 гола и даде 7 асистенции. Во 2005 година кога клубот влезе во Серија А, Џанфранко Ѕола ја заврши кариерата, а Капоне од него го наследи дресот со бројот 10 во Каљари.

- Оглас -

Најнови вести