Поранешен југословенски репрезентативец сега спие по улици и се бори за живот

Властимир Матиќ е 67-годишен скитник кому никој не сака да му помогне. Матиќ веќе речиси две години спие по улиците на Белград и е еден од оние луѓе кои немаат свој дом.

Сепак, не била секогаш ваква ситуацијата со Матиќ. Тој е поранешен југословенски репрезентативец во велосипедизам, кој пред две години доживеал страшна несреќа. Неговиот дом го зафатил пожар, во кој починала неговата сопруга. Само за еден миг, Властимир останал и без дом, но и без својата придружничка.

Матиќ има повреда на ногата и веќе има фатено гангрена. Тоа е многу опасно и може да му нанесе тешки компликации. Тој сега спие по улиците низ Белград и никој не сака да му помогне, иако и социјалните служби се запознаени со неговиот случај.

- Оглас -

Најнови вести