Поранешен напаѓач на Манчестер јунајтед застана на голот и стана херој на својот тим (ВИДЕО)

Маме Бирам Диуф своевремено го носеше дресот на Манчестер јунајтед, а вчеравечер беше херој на својот тим откако застана како голман за својот тим Хатјаспор.

Во натпревар од турскиот куп против Ејупспор, Диуф застана на голот откако двајцата први голмани добија црвени картони, па тој мораше последните мигови од продолжението да ги брани, а воедно и пеналите.

Иако не успеа да одбрани ниту еден удар од 11 метри, сепак, противнички играч го промаши целиот гол, а потоа самиот Диуф успешно стрелаше и го однесе својот тим во понатамошната фаза.

- Оглас -

Најнови вести