Поранешен соиграч на Робињо и Алвес: „Да ѝ го направеа тоа на мојата ќерка, сега немаше да давам интервју“

Двајца поранешни репрезентативци на Бразил во моментов имаат проблеми со законот поради силување. Робињо во својата татковина е осуден на девет години затвор за сексуален напад кој го направил во Италија, а Дани Алвес во Шпанија е осуден на двојно помала казна за истото дело. Алвес во моментов е на слобода, и тоа, пред сè, поради тоа што Нејмар ја плати кауцијата, но и обесштетувањето на жртвата.

Сепак, нивниот соиграч од репрезентацијата на Бразил, Фелипе Мело, со остра осуда за двајцата во која вели доколку се работело за неговата ќерка, тој сега не би давал интервју.

„Никој нема право да зборува на оваа тема, но не гледам проблем ако дадам свој коментар. Имам 15-годишна ќерка. Да ѝ се случеше ова неа, сега не би бил тука да давам интервју. Човекот треба да биде почитуван, без разлика дали се работи за машко или женско“, вели Мело.

- Оглас -

Најнови вести