Поранешен светски првак казнет со 1,8 милиони евра за физички напад врз поранешната девојка

Џером Боатенг, ексрепрезентативецот на Германија и нов член на Лион, е обвинет со физички напад врз поранешната девојка, за што доби казна во износ од 1,8 милиони евра по пресудата на судот во Минхен.

Боатенг глобата ќе мора да ја плати на 60 дневни рати по 30 илјади евра, што е најголема парична казна. Според доказите, светскиот шампион од 2014 година за време на летување на Карибите со својата поранешна девојка пред три години, безмилосно ја тепал, ја фрлил на земјата и ја навредувал со погрдни зборови, додека судот го казни за удари во лицето.

Во меѓувреме, Боатенг и неговите адвокати ги демантираа обвинувањата, додека пак јавното обвинителство бараше и затворска казна од една и пол година.

- Оглас -

Најнови вести