Поранешен светски шампион со Германија потпиша за клуб од Катар: “Се знае зошто дојдов тука“

Поранешниот германски репрезентативец Јулијан Дракслер само пред една недела направи трансфер и се пресели во Ал-Ахли од Катар. Тој официјално беше играч на ПСЖ, но последната сезона играше како позајмен во Бенфика. Ал-Ахли му плати на ПСЖ 9 милиони евра за неговите услуги.

Тој даде интервју за германските медиуми и искрено одговараше на нивните прашања, меѓу кои и за причините за трансферот во Катар.

„Сега би можело да кажам дека по 12 години во Европа сакав да запознаам нова култура, да стекнам меѓународно искуство, да бидам дел од возбудлив проект… и целосно да ги игнорирам парите како дел од овој одговор. Дури и сите овие работи кои ги набројав да се точни, се знае која е главната причина поради која сум тука. Би лажел кога би кажал дека финансискиот дел не ја одигра одлучувачката улога“, рече Дракслер.

- Оглас -

Најнови вести