Поранешната девојка на Ѓоковиќ заработува и по 30.000 евра на вечер

Светскиот рекет број 1 на АТП листата, Новак Ѓоковиќ најголемата поддршка во текот на целата кариера ја има од неговата сопруга Јелена. Ноле и Јелена заедно се со години, а во 2014 година стапија во брак и имаат син и ќерка.

Сепак, пред да се запознае со Јелена, Ѓоковиќ беше во врска со една атрактивна девојка, која тогаш му го освои срцето. Се работи за Лидија Поповиќ, која му беше девојка пред да се појави Јелена во животот на тенисерот. Иако не остана со Новак, Лидија и денеска е дел од јавната сцена.

Таа е познат ди-џеј и настапува под името Лејди Ли. Таа досега имала преку 80 настапи во странство, најголем дел од Азија. Според пишувањата, од еден настап, Лејди Ли може да заработи и до 30.000 евра. Позната и под прекарот српската Џеј Ло, таа во едно интервју откри и каква била нејзината врска со Новак Ѓоковиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LADY LEE (@ladyleeofficial)

„За време на нашата врска, Ноле секогаш беше внимателен и насмеан. Секако, тогаш немаше ангажмани и обврски како што има сега. Сега носи голем товар на својот грб како славен маж во светот на спортот. Ноле не е папучар. Секогаш беше друштвен и џентлменски настроен“, раскажа Лидија, која сега е многу популарна и на социјалните мрежи, а на Инстаграм има преку 100,000 следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LADY LEE (@ladyleeofficial)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LADY LEE (@ladyleeofficial)

- Оглас -

Најнови вести