Репрезентативците на Аргентина имаа скандалозна прослава на освојувањето на Копа Америка, кога пееја навредлива песна за црномурестите фудбалери кои играат за Франција. Иницијатор беше младиот фудбалер на Челзи, Енцо Фернандес, кој за соиграчи има неколку француски интернационалци, но сега со сигурност ќе биде казнет, бидејќи ФИФА покрена постапка.
Поранешниот напаѓач на Челзи и репрезентативец на Сенегал кој е роден токму во Франција, Демба Ба, имаше своја реакција за овој скандал.
„Аргентина е земјата во која нацистите бегаа после 1945-та година. Тие беа дом на воените злосторници. И сега сите сте изненадени.“ – напиша Демба Ба на социјалните мрежи.