Поранешниот селектор на Англија откри дека е тешко болен: Можеби ќе живеам помалку од една година

Шведскиот тренер Свен-Јоран Ериксон ја шокира јавноста изјавувајќи дека неговиот живот се ближи кон крајот и дека можеби ќе живее уште една година.

Ериксон во разговор за шведските медиуми откри дека боледува од карцином во терминална фаза и поради тоа се откажал од враќањето на тренерската работа.

„Се претпоставуваше дека имам карцином и тоа се покажа како точно. Карциномот е во терминална фаза и ми преостанува уште околу една година, во најлош случај можеби и помалку“, изјави Ериксон, кому последниот тренерски ангажман му беше на клупата на репрезентацијата на Филипини, која ја напушти во 2019 година.

Ериксон тренерската кариера ја започна во Дегерфорс, а потоа ги тренираше и Гетеборг, Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Манчестер сити, Лестер, Гвангжу, Шангај и Шенжен.

Фудбалските фанови најмногу го паметат како селектор на Англија, и тоа од 2001 до 2006 година.

- Оглас -

Најнови вести