Поранешниот тренер на ПСЖ има нов клуб, ќе работи на Арапскиот Полуостров

Поранешниот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, во продолжение на сезоната ќе има нов клуб. Тој кариерата ќе ја продолжи на Арапскиот Полуостров, но не во Саудиска Арабија, туку во Катар.

Тренерот кој минатата сезона ја освои шампионската титула во Франција со екипата на ПСЖ, но беше сменет поради неуспехот во Лигата на шампионите, во иднина ќе застане на клупата на катарскиот Ал-Духаил. Французинот во Ал-Духаил ќе го наследни легендарниот Аргентинец, Ернан Креспо, кој минатата сезона го освои првенството на Катар.

Галтие во Ал-Духаил нема да имаа воопшто лесна работа бидејќи клубот по пет кола е на четвртата позиција, а во азиската Лига на шампиони е без бодови и без постигнат погодок по два натпревари.

- Оглас -

Најнови вести