Порано и пеш се одеше на „Олд Трафорд“, сега никој не доаѓа – Ѓаволски е лоша реализацијата на Јунајтед на трансфер-пазарот

Манчестер јунајтед ќе се обиде да го ангажира Осман Дембеле од Барселона во овој трансфер-период, а ова ќе биде осмиот обид на најтрофејниот англиски клуб да донесе квалитетен фудбалер откако успеа да го ангажира само Дони ван де Бек од Ајакс.

Трансферот на холандскиот репрезентативец е единствената светла точка во летниот трансфер-период што сè уште е во тек, а имаше дури шестмина играчи за кои гигантот беше заинтересиран, но не успеа да ги доведе на „Олд Трафорд“.

Бразилецот Габриел наместо во Манчестер јунајтед, замина во Арсенал, а и потоа се редеа неуспешни обиди на раководството на Црвените ѓаволи.

Беа заинтересирани за Нејтан Аке, кој дојде во Манчестер, но во редовите на градскиот ривал Сити, а потфрлање имаше и во битката за Бејл и за Регилон, тандем кој од Реал Мадрид замина во Тотенхем.

Тијаго Алкантара беше уште една голема желба на 20-кратниот англиски првак, но и тој го заобиколи „Олд Трафорд“ и се пресели на „Енфилд роуд“ кај Ливерпул.

Сега е веќе јасно дека и Џејдон Санчо нема да го засили Манчестер јунајтед во ово преоден рок бидејќи е објавено дека ќе игра за Борусија Дортмунд и во оваа сезона.

На ред е нов обид, а според англиските медиуми, сега се цели на Дембеле, кој е одличен играч, но и често беше повреден, па малку игра во Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести