Пораз и во историски меч помалку боли со вакви навивачи (Видео)

Унион Берлин го одигра историскиот меч во Бундеслигата, а дебито во елитата не мина добро на теренот, иако спектакуларно изгледаа трибините на стадионот на новиот прволигаш во Берлин.

Лајпциг беше подобар, славеше со 4:0, но поддршката од трибините на „Ан дер Алтен Форстерај“ беше исклучителна. Навивачите ги дочекаа своите миленици со овации, а и ги испратија како херои без разлика на тешкиот пораз.

Унион за првпат игра во Бундеслигата, а на премиерата капацитетот беше полн со 22 илјади навивачи, грото од нив симпатизери на домашниот тим.

Клубот е познат по гестот што го приреди за време на Мундијалот во Германија, кога стадионот го претвори во дневна соба, па бесплатно можеа да се гледаат натпреварите од шампионатот, секако на видеобим.

- Оглас -

Најнови вести