Пораз од Данска, но младите македонски ракометари беа поздравени од публиката

Машката ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 19 години на стартот од главната фаза на Светското првенство кое се игра во Хрватска загуби од Данска со 30-37, со што шансите за место во четвртфиналето стануваат само теоретски, а вечер може и нив да ги снема, па дуелот со Австрија ќе решава дали Македонија ќе разигрува за 9-12 или 13-16 место.

Најефикасни во македонскиот тим денеска беа Дамјан Митев и Давид Димевски со по 6 гола.

И покрај поразот, ракометарите добија аплаузи од нашите фанови кои беа на трибините во салата во Риека.

- Оглас -

Најнови вести