Пораз од Леванте и недавање гол против Спарта може да значи збогум за Валверде

Барселона врза два кикса по ред и веќе засилено почнаа барања од навивачите за смена на тренерот Ернесто Валверде, кој летоска едвај се спаси, и тоа само благодарение на поддршката од Лионел Меси.

Ситуацијата во Барселона и не е толку трагична, тимот е прв и во шпанското првенство и во својата група од ЛШ, но испуштени се многу „сигурни“ и планирани бодови. За Барса вечерва заврши низата од 16 победи по ред на свој терен, само вторпат откако е тренер Валверде не дадоа гол на „Камп ноу“, а Пике има 9 жолти картони на 14 меча сезонава, што е премногу во споредба со седумте во целата претходна сезона.

Холандскиот селектор Роналдо Куман и Марсело Гаљардо од Ривер плејт се спомнуваат како главни фаворити за преземање на клупата ако Валверде добие отказ.

- Оглас -

Најнови вести