Пораз од Торино, Џенова има еден многу голем проблем!

Торино беше подобар од Џенова со 3-2 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Горан Пандев влезе во игра во 80-та минута, и веќе во наредната минута Џенова даде гол за намалување на предноста на Биковите на 2-3, но тоа се покажа и како конечен епилог.

Џенова е претпоследна на табелата со само 6 бода во девет кола, на тренерот Балардини сериозно му се заканува опасност од добивање отказ, но тимот има еден друг голем проблем, а тоа се првите полувремиња. Од 14-те гола сезонава, Џенова 13 даде во вторите полувремиња од мечевите, а само еднаш погоди во првите 45 минути и тоа во минатото коло против Сасуоло.

Вечерва Џенова по првото полувреме губеше со 0-2, и немаше сили за пресврт. После некомплетни девет кола, Џенова е тим со најмногу примени голови во италијанската лига.

- Оглас -

Најнови вести