Пораз со сладок вкус за Чеде Јаневски на дебито со Исмаили

Чедомир Јаневски за првпат го предводеше од клупата својот нов клуб Исмаили од Египет и претрпе пораз од Котонспорт во Камерун со 1:2, но поразот има сладок вкус. Исмаили со овој резултат се пласираше во фазата по групи во африканската Лига на шампиони, откако на првиот дуел славеше со 2:0.

И вечерва дуелот во Гаруа, Камерун почна одлично за египетскиот претставник, а Ел Мохамади погоди од пенал во четвртата минута, по што веќе беше 3:0 во вкупен резултат за новиот тим на Јаневски.

Домаќините потоа постигнаа два гола за пресврт и победа, која е пирова и ги исфрли од настап во Лигата на шампионите.

Противниците во фазата по групи Чеде Јаневски и неговите избраници ќе ги дознаат непосредно пред Нова година, на ждрепката закажана за 29. декември.

- Оглас -

Најнови вести