Пораз во градско дерби особено боли – Навивачите не сакаат дресови, бараат победи (Видео)

Необичен момент имаше вчера, по завршувањето на берлинското дерби меѓу Унион и Херта, што го добија домаќините со 2:0, а навивачите на постариот прволигаш покажаа дека не сакаат дресови од играчите, туку победи.

Дејви Селке, кој влезе во игра како резерва на Херта, се обиде да ја смири ситуацијата кај бесните навивачи на гостите и му го фрли дресот на еден од лидерите на групата гостински навивачи, кој реагираше неочекувано и веднаш му го врати дресот.

Херта втора сезона по ред е во голема криза и лани се спаси од испаѓање во финишот на првенството, а сега повторно е блиску до опасната зона за испаѓање од Бундеслигата.

Унион Берлин е тазе прволигаш и ова беше само петтото бундеслигашко градско дерби против Херта, а билансот е израмнет со по две победи на двете екипи и едно реми.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести