Поразот на Атлетико изненади многу прогнозери, денеска шест меча на менито

Премијата на Спортска прогноза нема да биде доделена ниту во третото коло од новата сезона, но четворица прогнозери имаат погодено по шест меча од вчерашните седум и може да дојдат до 12-ка и ваучер од 1.000 денари.

Тројца од од овие четворица најуспешни во саботата, „паднале“ на средба во Шпанија, бидејќи типувале победа на Атлетико, а Валенсија ги совлада Јорганџиите. Само 2,91 отсто од играчите типувале победа на Лилјаците и тоа е главното саботно изненадување.

Шест меча од понудата на Спортска прогноза се играат денеска. Според нивните очекувања, прогнозерите „составија“ интересен тикет.

Возбудувањата ќе започнат од 12.30 часот кога играат Каљари и Удинезе, меч за кој 52,33 отсто чекаат икс.

Над 60 проценти веруваат во победи на Хетафе, Стразбур и Вердер, 54,17 мислат дека Сасуоло ќе триумфира кај Фрозиноне, а поделеноста е најголема кај дуелот Фиорентина – Аталанта каде 35,1 отсто се за кец, 43,1 за нерешено, а 21,6 типувале победа на Аталанта.

Еве како би изгледал тикетот за денеска според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска прогноза:

3004 Каљари – Удинезе Х

1306 Хетафе – Осасуна 1

1705 Стразбур – Монпеље 1

3006 Фрозиноне – Сасуоло 2

1808 Хајденхајм – Вердер 2

3007 Фиорентина – Аталанта 1Х

*Вкупната квота за овие шест предлози заедно е над 200

- Оглас -

Најнови вести