Порно-ѕвезда го обвини Маркус Турам за вознемирување непосредно пред мечот со Барса во ЛШ

Во Италија избувна голем скандал откако американската ТикТок ѕвезда и порно-актерка Шарлот Лавис го обвини фудбалерот на Интер, Маркус Турам, за вознемирување. Таа објави видео на ТикТок ден пред натпреварот меѓу Интер и Барселона во Лигата на шампионите тврдејќи дека инцидентот се случил додека Турам играл за Борусија Менхенгладбах.

На видеото се гледа како Лавис лежи во кревет со модринка под окото, а Турам ѝ вика дека ќе ги добие своите пари. Потоа, според нејзиниот опис, тој се обидел да ѝ го земе телефонот, а настаните продолжуваат во дворот на неговата куќа, каде што таа вели да се тргнат од неа, додека Турам и неговиот возач се обидуваат да ѝ се доближат.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Charlotte Lavish (@charlotte.lavish)

На прашање зошто чекала три години за да го објави случајот, Лавис вели дека правните постапки траеле околу една година, но подоцна одлучила да не го гони Турам понатаму. Таа нагласува дека нејзината одлука не била мотивирана од финансиска добивка, ниту очекувала тој да се соочи со последици.

Засега од Интер и од самиот Маркус Турам нема официјална реакција. Скандалот може да има сериозни последици, доколку случајот добие правна разврска или ако клубот реши да постапи внатрешно.

- Оглас -

Најнови вести