Портланд и Филаделфија се изборија за мајсторки

Портланд и Филаделфија победија пред своите навивачи и се изборија за решавачки седми дуели против Денвер, односно Торонто. Дамијан Лилард повторно беше најефикасен во победата на Портланд против Денвер од 119:108. Лилард застана на бројката од 32 поени, додека одличен беше и Мекалум со 30 поени. На спротивната страна, веќе вообичаено најдобар за Денвер беше Никола Јокиќ со 29 поени, осум асистенции и 12 скока.

Денвер имаше двоцифрена предност во првото полувреме, Портланд во вториот дел заигра многу подобро и не само што успеа да ја анулира негативата, туку на крајот тие победија со двоцифрена разлика.

Интересно е што и Филаделфија победи со 11 разлика против Торонто, но на овој меч домаќините речиси постојано ја контролираа предноста. На полувремето „76-ките“ водеа со 15 разлика, а ниту во вториот дел не му дозволија на противникот да се понадева дека во Филаделфија ќе се израдува на конференциско финале.

Леонард со 29 поени и 12 скока беше најдобар играч на мечот, но тоа не беше доволно за Торонто да стигне до посакуваната четврта победа. Бутлер со 25 поени, шест скокови и осум асистенции беше предводник на домаќините до победата.

https://youtu.be/Wco72VxFx8M

- Оглас -

Најнови вести