Портланд и Хјустон ќе се распукаат, на Хилд му оди против Оклахома

Портланд трејлблејзерс – Хјустон рокетс (04ч)

Настапот на Џејмс Харден е под знак прашалник, а тоа е голем хендикеп за Ракетите. Хјустон на ова тешко гостување кај Портланд ќе се обиде да воспостави победнички ритам, па ако Гордон прикаже уште една блескава партија како против Јута, гостите ќе бидат чекор поблиску до втората победа во низа.

Блејзерс не се во добра форма, забугија три од последните пет меча, идентичен учинок имаат ако се сметаат последните пет дуели на домашен терен против Хјустон. Ракетите се фаворити и без Брадата, но се очекува отпор на домашниот состав на чело со Лилард.

Предлог тип: Т1 & Т2 >115,5 поени (2.20)

 

Сан Антонио спарс – Јута џез (02:30ч)

Домаќините се во лоша серија од три порази во низа и им се предвидува нова катастрофа против Џезерите, кои беа во налет од четири последователни победи пред вчерашниот дуел против Хјустон. Новата пресметка против тексашка екипа е мотив за кошаркарите на Јута да се поправат и повторно да го предизвикаат тимот на Клиперс за второто место во Западната конференција.

Добро е што Џезерите се навикнаа на добар настап во „АТ&Т центарот“, така што славеа во три од последните пет средби против Спарс, притоа во два наврати реализира 114 или повеќе поени.

Предлог тип: Т2 >113,5 поени (1.95)

 

Индијана пејсерс – Чикаго булс (01ч)

На десеткуваните Бикови им се предвидува нов пораз на гости ако се знае дека Индијана загуби само пет од вкупно 22 меча на домашен терен сезонава. Воедно Пејсерси имат речиси перфектен биланс против Чикаго со осум победи во изминатите 10 меѓусебни дуели.

Заврши мини-турнејата на Индијана со учинок од 3-2, па сега пред домашните навивачи се очекува квалитетен настап за да ја одржат во живот трката за што повисок пласман на Истокот заедно со Филаделфија и Бостон.

Предлог тип: 1 хен. -8,5 поени (1.77)

 

Њујорк никс – Мемфис гризлис (01:30ч)

Мемфис ги искористи поразите на Сан Антонио за да се зацврсти на осмата позиција на Западот со 23 победи на 47 средби, па затоа овој дуел против Никси е добра шанса да се дојде до четвртата победа во низа. Гризлис се радуваа на последното гостување во „Медисон сквер гарден“, па ако се знае дека Њујорк оваа сезона е меѓу послабите источки екипи, гостите може да го повторат ланскиот настап.

Меѓусебните дуели на Никс и Гризлис обично завршуваат со 200 или помалку поени, така што не очекувајте висок учинок и во оваа средба.

Предлог тип: 2 & <223,5 поени (3.20)

 

Бади Хилд (Сакраменто кингс – Оклахома сити тандер, 04ч)

Кога Сакраменто успева да слави против Оклахома, обично Хилд е најефикасниот играч на Кингс. Така беше во три од последните четири дуели на овие екипи. Во тие три меча, Хилд редовно реализираше по 23 или повеќе поени, па ако се земе предвид дадената граница за учинок од 19,5 поени за престојниот дуел, Хилд може лесно да биде добитна комбинација за ова издание.

На Тандерси им заврши победничката серија, додека Сакраменто ќе сака да се радува и во третиот последователен натпревар.

Предлог тип. Хилд >18,5 поени (1.75)

- Оглас -

Најнови вести