Порто ќе ризикува, за 7 милиони евра ќе го купи португалскиот гангстер од Олимпијакос

Порто ќе ризикува и сака да го ангажира контроверзниот дефанзивец на Олимпијакос, Рубен Семедо. Популарните Змејови нудат 7 милиони евра за 26-годишниот стопер на грчкиот првак.

Семедо одигра одлична сезона во Грција, но е со проблематичен карактер и е ризичен за ангажман. Пред некој ден беше осуден условно на пет години затвор и му беше изречена забрана за посета на Шпанија во следните 8 години по неколку криминални дела.

Како играч на Вилјареал и Уеска од 2017 до 2019 година, Семедо им правеше многу проблеми на двата клуба, а е обвинет за напад, за грабеж и за учество во уште неколку криминални дела.

Одлежа шест месеци и во притвор во Шпанија, но потоа плати кауција од 30 илјади евра за да се брани на слобода. Сега има шанса да се врати во родната Португалија и да игра за шампионот Порто.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести