Порто официјално се збогуваше со легендата Пепе

Португалската легенда Пепе, си заминува од клубот Порто. На Пепе му истече договорот, а не доби нов.

Разделбата на Пепе со Порто е на барање на новиот тренер Витор Бруно, во чии планови за претстојната сезона не е ветеранот, кој и на 41 години уште може да игра добро, што го покажа и на Европското првенство во Германија.

Друга клучна причина за неговото заминување е тоа што Пепе бил близок со претходниот претседател Пинто да Коста. Сега претседател на Порто стана познатиот тренер Андре Виљаш Боаш.

Пепе кој е роден во Бразил, за Порто играше од 2004 до 2007 година, потоа замина во Реал Мадрид, па се врати во Порто и играше од 2019 до 2024.

- Оглас -

Најнови вести