Порто среде Лисабон ја среди Бенфика (Видео)

Екипата на Порто извојува голема победа од 2-0 на гостувањето кај Бенфика во најголемото португалско дерби. Стрелци беа Зе Луис во 22-ра и Муса Марега во 87-ма минута. Така Бенфика пропушти прилика за првпат после 47 години да врзе три победи по ред во меѓусебните дуели со ривалот од познатото португалско пристаниште.

Порто повеќе од 20 години немаше првенствен триумф во Лисабон, изразен со два гола разлика. Интересно е што Порто е првиот тим од април 2018 година наваму кој не прими гол на гостување кај Бенфика. А, и тогаш тимот чија мрежа остана незатресена на гостување кај Бенфика беше истотака Порто.

Во последната минута Бенфика даде гол, но бепе поништен по интервенција на судиите од ВАР собата.

Еве какво беше расположението кај фановите на Порто:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести