x

Португалецот ја откачи Барселона и дефинитивно останува во Манчестер сити

Португалскиот репрезентативец Бернардо Силва ја одби понудата на Барселона и одлучи да потпише нов договор со Манчестер сити, објави каталонскиот весник „Мундо депортиво“.

Според весникот, Силва ги известил челниците на Барселона дека нема намера да потпише за нив и потоа ѝ соопштил на управата на европскиот и англиски шампион дека ќе потпише нов договор.

Португалецот се откажал од идејата да се пресели на „Камп ноу“ поради големите финансиски проблеми во кои се наоѓа шпанскиот тим иако цело лето вршеше притисок врз управата на Сити да го пушти во Барселона.

До крајот на месецов се очекува Силва и официјално да стави потпис на новиот договор со Манчестер сити. Тој во Сити пристигна во 2017 година и досега одигра 308 натпревари и постигна 55 гола, а вкупно освои 14 трофеи.

- Оглас -

Најнови вести