Португалија е моќна и без Роналдо, го декласираа Азербејџан со 3:0 (Видео)

Португалија игра одлично и без Кристијано Роналдо и вечерва во Баку лесно го победија Азербејџан со 3:0 во Баку.

Роналдо кој постигна два гола за победа против Република Ирска во претходното квалификациско коло и стана најдобар стрелец на сите времиња со 111 погодоци не играше вечерва. Но и без него поранешните европски прваци покажаа дека имаат моќна репрезентација и славеа убедливо со головите на Бернардо и Андре Силва и на Диого Жота.

Azerbaijan 0-[2] Portugal – André Silva 31′ from soccer

Португалија со 13 бода од пет меча е лидер во А групата во квалификациите за настап на Мундијалот во Катар идната година. Србија има 10 бода од четири меча и со победа вечерва во Даблин против Република Ирска може да се израмни на врвот на табелата со првиот фаворит.

Луксембург има шест бода од четири натпревари, а Ирците и Азербејџан се со само еден бод.

 

- Оглас -

Најнови вести