Португалија во Порто нема пораз од 2004 година, но Македонија е познат уривач на традиции

Уште малку ќе поминат 18 години од последниот пораз на Португалија на стадионот „Драгао“ во Порто. Последен пат тоа се случи во 2004 година, кога на Европскиот шампионат загуби од Грција.

Не станува збор за болниот пораз во финалето, кој се случи на „Естадио да Луз“ во Лисабон, туку за меч од групната фаза.

На 12 јуни 2004 година, Грција славеше во мечот од првото коло во групата А, и тоа со 2:1, а стрелци на головите беа Карагунис и Басинас за нашиот сосед, додека Кристијано Роналдо за Португалците.

Последен пат Португалија на овој стадион играше во 2019 година, во плејофот од Лигата на нациите, каде што во финалето успеа да ја победи Холандија со 1:0.

Македонија е познат уривач на традиции, како што беше тоа случајот во Палермо, па затоа вакво нешто на момците на Благоја Боби Милевски е мотив плус за да се покажат пред великанот и пред целокупната спортска јавност.

- Оглас -

Најнови вести