Порзингис има проблем, во Њујорк му отворија истрага за силување

Кристапс Порзингис има голем проблем, откако во Њујорк е покрената истрага против него за силување. Случајот е од лани, кога се уште беше член на Њујорк никс, а обвиненијата ако се докажат се многу сериозни.

На 7. февруари лани Летонецот се повреди и истата ноќ според обвинението кое го покрена негова сосетка од Менхетн се случило силувањето. Оттогаш Кристапс не игра, се наоѓа на рехабилитација, а во меѓувреме преку размена на кошаркари стана нов член на Далас маверикс.

„Да, знаеме за случајот. Федералните власти не информираа и не смееме да даваме изјави во интерес на истрагата“, изјави Марк Кјубан, сопственикот на Далас Маверикс.

Порзингис според изјавата на жената која тврди дека е силувана и ветил надомест од 68 илјади евра, но не се знае дали парите воопшто и биле дадени.

- Оглас -

Најнови вести