Олстар-потег на Далас, во трампа со Њујорк го доби Порзингис

Кристапс Порзингис се пресели во таборот на Далас маверикс, во големата размена на кошаркари што ја направија со Њујорк никс.

Со летонскиот крилен центар кај популарните „телиња“ од Далас се преселија и Тим Хардавеј јуниор, Кортни Ли и Треј Бурк, а Њујорк ги доби Де Андре Џордан, Весли Метјуз, Денис Смит јуниор и два први пика на следните драфтови.

Порзингис е главната ѕвезда во размената на двата клуба од НБА-лигата и тој ќе биде сериозно засилување за Далас бидејќи е еден од најдобрите крилни центри во Лигата. Сезонава Летонецот не одигра ниту еден меч за Никс бидејќи беше повреден, но наскоро ќе се врати на паркетот.

Договорот со Њујорк му итекува следната година, кога ќе биде слободен агент, па во Њујорк одлучија да го разменат својот најдобар играч, во спротивно следната година можеа да го загубат. Планот на челниците на Њујорк е да се ослободи простор во буџетот (Селари кап) за да се тргне во обид да се ангажира голема НБА-ѕвезда од калибарот на Кевин Дурант или Кајри Ирвинг, кои се на врвот на листата со желби на една од најпознатите франшизи на НБА.

- Оглас -

Најнови вести