Посебен мотив за Сините: Челзи против Астон вила ќе игра за јубилејна 600-та победа во Премиер лигата

Враќањето на клупскиот фудбал значи дека обложувачите во Sport Life имаат преголем избор на натпревари со кои ќе се обидат викендов да си остварат добивки. Доколку обложувачите имаат дилеми околу тоа кои се „вистинските“ натпревари, односно типови за добитна комбинација, оваа информација може да им олесни барем дел од работите.

Попладнево на „Стемфорд бриџ“ Челзи го пречекува тимот на Астон вила, меч кој ќе биде посебен за Сините доколку ги освојат трите бода. Имено, актуелниот европски првак атакува на јубилејна 600-та победа во Премиер лигата и може да стане само вториот клуб со ваков учинок.

Рекордери во оваа категорија се Црвените Ѓаволи. Манчестер јунајтед брои 689 победи откако англиското првенство се игра во овој формат. Челзи во претходните три кола оствари две победи над Кристал палас и Арсенал и дојде на чекор до јубилејот. Натпреварот од четвртото колог во англиското првенство е закажан во 18:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести